Прескокни до содржината
Global Minds

Услови за користење

Последен пат ажурирано на 01.10.2026 г.

1. Вовед и прифаќање на условите

Овие Услови за користење (во понатамошниот текст: „Услови“) ги регулираат правилата за користење на веб-страницата globalminds.mk (во понатамошниот текст: „Веб-страница“), управувана од ГЛОБАЛ МАЈНДС ДООЕЛ Скопје (во понатамошниот текст: „Глобал Мајндс“ или „ние“).

Со пристапување и користење на Веб-страницата се согласувате со овие Услови и со нашата Политика за приватност. Доколку не се согласувате, Ве молиме да не ја користите Веб-страницата.

2. Податоци за управувачот

  • Назив: ГЛОБАЛ МАЈНДС ДООЕЛ Скопје
  • ЕДБ: MK4057016533242, ЕМБС: 7132468
  • Седиште: Бул. Илинден бр. 5/27, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
  • Контакт: преку формуларот за контакт на globalminds.mk

3. Природа на информациите и одговорност

Содржините на Веб-страницата (описи на услуги, статии, примери и други информации) се од општа информативна природа. Тие не претставуваат деловен, финансиски, правен или даночен совет.

Конкретен совет и услуга даваме исклучиво врз основа на писмена понуда или договор. Секое потпирање на информациите од Веб-страницата без претходна консултација е на сопствен ризик на корисникот, и Глобал Мајндс не презема одговорност за последици од нивното користење или толкување.

4. Цени и понуди

Цените објавени на Веб-страницата се информативни, во денари и без ДДВ. Обврзувачки се само условите од писмената понуда или договорот. Испраќањето порака преку формуларот не создава договорна обврска ниту за Вас ниту за нас.

5. Интелектуална сопственост и авторски права

Името и логото Global Minds, како и текстовите, фотографиите, графичките елементи, дизајнот и кодот на Веб-страницата, се заштитени со прописите за авторско право и интелектуална сопственост на Република Северна Македонија.

Корицата и содржината на книгите се сопственост на нивните автори и издавачи. Сајтовите прикажани во портфолиото се сопственост на нивните сопственици и се прикажани со нивна согласност. Фотографиите на лицата се објавени со нивна согласност.

Фотографиите од настани прикажуваат настапи и обуки што д-р Радован Витошевиќ ги одржал во рамки на услугите на Глобал Мајндс, на настани организирани од други компании. Логоата и заштитните знаци на организаторите и лицата на присутните се заматени. Прикажувањето не значи соработка со, ниту препорака од, организаторите. Ако се препознавате на фотографија и сакате таа да се отстрани, пишете ни преку формуларот за контакт.

Забрането е умножување, копирање, дистрибуирање или користење на содржината за комерцијални цели без претходна писмена согласност од Глобал Мајндс, односно од носителот на правата.

Барање за дозвола (лиценца) за користење на фотографија или друга содржина од Веб-страницата испратете преку формуларот за контакт.

6. Забранета употреба

Корисниците се обврзуваат дека нема да ја користат Веб-страницата за:

  • прекршување на законите, прописите или овие Услови;
  • испраќање злонамерна, навредлива или рекламна содржина преку формуларот за контакт;
  • обиди за неовластен пристап до Веб-страницата, серверите или системите поврзани со неа;
  • каков било вид хакерски активности или дистрибуција на вируси.

7. Линкови кон други веб-страници

Веб-страницата содржи линкови кон веб-страници на трети страни (на пр. LinkedIn, сајтовите на авторите и проектите во портфолиото). Глобал Мајндс не сноси одговорност за содржината или политиките за приватност на тие веб-страници.

8. Измена на условите

Ги задржуваме правото да ги измениме овие Услови во секое време. Изменетите Услови стапуваат на сила со нивното објавување на Веб-страницата.

9. Меродавно право и надлежност

За овие Услови се применува правото на Република Северна Македонија. За сите спорови кои би можеле да произлезат од овие Услови и од користењето на Веб-страницата, надлежен е стварно надлежниот суд во Скопје.

Политика за приватност →