Прескокни до содржината
Едукација за фирми

Тимови шторастат.

Практични обуки за менаџери и тимови, во вашите простории, во изнајмена сала или онлајн, на македонски или англиски, прилагодени на вашата фирма.

Програми за тимови

01

Финансиска писменост

Кој кого храни? Паричен тек, одлуки и финансиска дисциплина, за менаџери и вработени. Врз основа на книгата Business Rooster.

Д-р Радован Витошевиќ
02

Лидерство: од менаџер до лидер

Одлучување, делегирање и водење тимови на повеќе локации: лекции од раст на меѓународни пазари.

Д-р Радован Витошевиќ
03

Продажба по SPIN методот

Прашања што откриваат потреба, водење на разговорот и затворање на поголеми продажби.

м-р Катерина Ангеловска
04

Принципите на успехот

Работилница според The Success Principles® на Jack Canfield: цели, одговорност, навики на високо продуктивни луѓе.

м-р Катерина Ангеловска
05

Mindfulness и управување со стрес

8-неделна програма за тимови: помалку стрес, подобар фокус, посмирени одлуки.

м-р Катерина Ангеловска
06

Комуникација и NLP

Јасна комуникација, давање повратна информација и справување со тешки разговори.

м-р Катерина Ангеловска
Д-р Радован Витошевиќ води семинар пред полна сала учесници
Од нашите обуки

Обуки и семинари во живо, со примери од пракса и работа на конкретните прашања на вашиот тим.

Закажете обука
Фотографиите се од настани на кои д-р Радован Витошевиќ настапувал како говорник и предавач, во рамки на услугите на Глобал Мајндс. Логоата на организаторите и лицата на присутните се заматени заради заштита на нивните права и приватност.
Д-р Радован Витошевиќ објаснува на сцена пред портокалова завеса

Формати

РаботилницаПоловина ден (4 часа)
ОбукаЦел ден (7 часа)
Програма4–8 недели, неделни сесии
КадеВо вашите простории, изнајмена сала или онлајн

Тренери

Портрет на д-р Радован Витошевиќ, основач и управител на Глобал Мајндс

Д-р Радован Витошевиќ

Водечки консултант

20 години корпоративно искуство: пет години во банкарство, потоа меѓународна група каде растеше од локален менаџер до Country Director, COO, CEO и член на бордот. Раководел со компании за е-трговија, програми за лојалност и маркетинг, со големо менаџерско и административно искуство. Претприемач, основач на Глобал Мајндс и Billingz. Keynote говорник на сцени низ Европа, Африка и Балканот, со над 100 настапи на настани.

  • Доктор на науки по бизнис администрација (DBA)
  • Магистер: Executive MBA, University of Sheffield
  • Chartered Manager (CMI)
  • 20 години корпоративно искуство, од кои 5 во банкарство
  • Автор на две книги

radovan.mk ↗

Портрет на м-р Катерина Ангеловска, психолог и тренер за корпоративни обуки

м-р Катерина Ангеловска

Партнер тренер за едукација

Магистер по психологија, коуч и тренер за личен развој. Води работилници и програми за развој на луѓе и тимови, од продажба и комуникација до управување со стрес.

  • Магистер по психолошки науки
  • Сертифициран Canfield тренер (The Success Principles®)
  • SPIN тренер за продажба
  • NLP Master Practitioner
  • Mindfulness фасилитатор

katerinaangelovska.mk ↗

Чести прашања

Може ли обуката да се прилагоди на нашата фирма?

Да. Секоја програма ја прилагодуваме на вашата дејност, тим и цели по краток разговор со менаџментот.

Каде се одржуваат обуките?

Во вашите простории, во изнајмена сала или онлајн.

На кој јазик?

На македонски или англиски.

Тимови што растат.

Побарајте понуда